Наставниците и учениците од основните училишта ќе се едуцираат за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за отпад во Општина Струмица

Наставниците и учениците од основните училишта ќе се едуцираат за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за отпад во Општина Струмица

 

Општина Струмица

 

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен Весник на Р.М.” бр.05/02), се со цел за остварување на целите и имплементација на активностите предвидени во програмата за активностите во областа на заштита на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година бр.08.11064/1 од 28.12.2023 година објавена во Службен гласник бр.19/23 на Општина Струмица како и нашата цел унапредување на политиките и плановите поврзани со Заштита на животната средина Градоначалникот на Општина Струмица, објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК за избор консултант/едукатор за проектот едукација на наставниот кадар и учениците од основните училишта за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за отпад на територија на Општина Струмица

 

Опис на јавниот повик

 

Проектот едукација на наставниот кадар и учениците во основните училишта за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за отпад на територија на Општина Струмица е инициран од граѓаните за по чиста и здрава животна средина како и намалување на не селектираниот отпад. Ние како Општина се стремиме кон унапредување на заштитата на животната средина согласно законските регулативи: Закон за животна средина, Закон за отпад и Управување со посебни текови на отпад на Република Северна Македонија.

Во соработка со ЈПКД Комуналец Струмица, одделението за образование и одделението за заштита на животната средина при Општина Струмица ќе се спроведе проект едукација на наставниот кадар и учениците во основните училишта за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за отпад поставена на територијата на Општина Струмица. Проект во кој на јавен повик ќе биде ангажирано лице консултант/едукатор(физичко лице) од областа на справување со отпадот за  едукација и обука во сите училишта на територија на Општина Струмица за селекција на отпадот, изработка на прирачник за потребите на основните училишта кој ќе им биде во функција за давање на насоки за справување со отпадот, воспоставување на собирање на истиот и ставарање на навики за селектирање на отпадот како во училиштата така и во сами домаќинства преку образовниот процес.

-Избегнување на создавање на отпадот и намалување на штетните влијанија на отпадот врз животната средина и животот и здравјето на луѓето.

-Рециклирање селекција и повторна употреба на отпадот или во друг процес за екстракција на секундарни и терцијални суровини или да се користи како извор на енергија

 

Консултантот за проектот едукација на наставниот кадар и учениците во основните училишта за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за отпад на територија на Општина Струмица треба да ги спроведе следниве активности:

  • Едукација и обука на наставниот кадар во основните училишта на општина Струмица за селекција на отпад.
  • Едукација на учениците во основните училишта во Општина Струмица.
  • Едукацијата на наставниот кадар и учениците треба да ги опфати следниве прашања и да биде изготвена презенација за истите:
  • Што е примарна селекција?
  • Зошто е значајна примарната селекција?
  • Што е селекција на отпад?
  • Кој отпад се селектира и како?
  • Како се организира процесот на селектирање?
  • Започнување на иницијатива Селектирам во Општина Струмица преку образовниот систем
  • Заклучок и препораки
  • Изработка на Флаер со насоки за селектирање за потребите на основните училишта
  • Изработка на прирачник за селектирање на отпадот кој ќе биде во сопственост на Општина Струмица и дистрибуиран до основните училишта во Општина Струмица
  • Извештај и медиумска застапеност на проектот
  • Апликантот кој ќе биде избран најдоцна до десет дена од потпишувањето на договорот треба да достави до одделението за заштита на животната средина и образование план и програма за спроведување на овие активности.
  • Времетраењето на проектот ќе биде до 01.06.2024 година од денот на склучување на договорот .
  • Aпликантот кој ќе биде избран за спроведување проектот едукација на наставниот кадар и учениците во основните училишта за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за отпад на територија на Општина Струмица горенаведените активности треба да ги реализира најдоцна до 01.06.2024 година

 

Право на учество на Јавниот повик

 

  • Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани стручни лица (консултант/едукатор) кои се подготвени и имат искуство во областа на животната средина во проектот едукација на наставниот кадар и учениците во основните училишта за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за отпад на територија на Општина Струмица.
  • Јавниот повик трае десет (10) дена од денот на објавувањето.

 

Потребна документација за аплицирање

  • Доказ за завршено високо образование од областа на заштита на животната средина и земјоделските науки.
  • Портфолио на апликантот:
  1. Учество во имплементација на 1 (една) ваква активност од горенаведената предметната област.
  2. Има реализирано проекти и активности од областа на управување со отпад-референтна листа на реализирани проекти и активности;
  3. Учество во изработка на минимум 1 (еден) ЛЕАП, документ за Општина или друг стратешки документ ( план, програма, стратегија)
  4. Финансиска понуда во бруто износ.

 

  Начин на пријавување на Јавниот повик

 

  • Апликациите на заинтересирани стручни лица (консултант/едукатор) за За Јавен повик за избор консултант во областа на отпад за проектот едукација на наставниот кадар и учениците во основните училишта за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за отпад на територија на Општина Струмица, заедно со потребната документација, заинтересираните страни во затворен плик ги доставуваат до Општина Струмица, преку Архивата на Општина Струмица, ул. Сандо Масев бр 1, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

 

  • На пликот треба да е наведено “ За Јавен повик за избор консултант во областа на отпад за проектот едукација на наставниот кадар и учениците во основните училишта за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за отпад на територија на Општина Струмица “ со назнака НЕ ОТВАРАЈ.
  • Пријави кои ќе бидат доставени по истекот на рокот на Јавниот повик и нецелосно пополнети пријави нема да бидат разгледувани.
  • Јавниот повик трае десет (10) дена од денот на објавувањето на веб страницата на Општина Струмица

 

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

  • За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира тричлена Комисија за спроведување на постапката – отварање и селектирање на пристигнатите понуди и реализација на активноста..
  • Комисијата ќе се раководи и изврши избор по принципот најниска понудена цена, проекти поврзани со отпад и ќе предложи кандидат кој ги исполнува сите услови од погоре наведената потребна документација за споведувач (консултант/едукатор) проектот едукација на наставниот кадар и учениците во основните училишта за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за отпад на територија на Општина Струмица

 

                                                                                                       ГРАДОНАЧАЛНИК
                                                                                                      на Општина Струмица
                                                                                                            Костадин Костадинов