Целта на овој извештај е да изврши идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина од имплементацијата на предвидениот плански документ уште во фазата на неговата подготовка и да предвиди соодветни мерки за спречување и контрола на влијанијата.
Изработката на извештајот е согласно обврската на изготвувачот на планскиот документ за спроведување на постапка за оцена на влијанието од планскиот документ врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето, дадена во глава X (Оцена на влијанието на определени стратегии, планови и програми врз животната средина) од Законот за животна средина. Согласно точка 13 (Планирање на просторот и користење на земјиштето), член 3 од Уредбата за стратегии, планови програми, вклучувајќи и нивните промени, за кои
задолжително се спроведува постапка за оцена на нивното влијание врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето , измената и дополнувањето на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 2 и УЕ 5 , Блок 12 , Урбан Блок 40/2 , Урбан Блок 41/1 , Урбан Блок 41/2)КО Струмица , е плански документ за кој задолжително се врши стратегиска оцена на животната средина.
Целта на овој извештај е да изврши идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина од имплементацијата на предвидениот плански документ уште во фазата на неговата подготовка и да предвиди соодветни мерки за спречување и контрола на
влијанијата. Извештајот е изработен согласно содржината на извештајот пропишана во Уредбата за содржина на извештајот за стратегиска оцена на животната средина (Сл. весник на РМ бр.153 од 20.12.2007 год.).
Градоначалникот на општина Струмица ја информира заинтересираната јавност дека сите потребни информации за Нацрт извештајот за Стратегиска оцена на животната средина за Измена и дополнување на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 2 и УЕ 5 , Блок 12 , Урбан Блок 40/2 , Урбан Блок 41/1 , Урбан Блок 41/2) КО Струмица , ќе бидат достапни во:
Просториите на поранешниот Дом на АРМ Струмица, во Одделението за Заштита на животната средина, Писмено обраќање до поранешен Дом на АРМ Струмица , ул.„Благој Јанков Мучето„ бр.37, 2400 Струмица
На електронска адреса на одделението за Заштита на животната средина ekologija@strumica.gov.mk
Време за увид во планскиот документ ќе биде од 8:00 – 16:00 часот, во периодот од 24 Јуни 2020 до 23 Јули 2020 година ( 30 дена ).
Јавната расправа ќе се одржи на ден 12 Август (среда) 2020 год. во 11:00 часот, во просториите на ДОМ на АРМ во Струмица.
Јавната расправа и јавниот увид ги координира и ги води општина Струмица, одделение за заштита на животната средина.