Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 16 и 17 август 2022 година, во периодот помеѓу 09 – 16 часот ќе се изврши теристичка (по земја) апликација на средство за уништување на ларви од комарци и тоа со следниот распоред:
На 16.08.2022 (вторник), во општините Валандово, Дојран, Гевгелија, Богданци, Радовиш и Конче;
На 17.08.2022 (среда), во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.