Во просториите на Домот на АРМ денеска се одржа повторена Јавна анкета за дел од Централното градско подрачје на делови од Блок 1 (УЕ1), Блок 30 (УЕ7), Блок 33 (УЕ4) и Блок 37/1 (УЕ5) во Струмица, со површина од 8,11 хектари.
Јавната анкета по истиот е отворена до 27.07.2022 година и во тој рок заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Градоначалникот Костадин Костадинов потенцираше дека за него приоритет е мислењето на граѓаните. Музеј на градскиот плоштад нема да има, но ќе има реконструкција со многу зеленило и убави содржини за струмичани.