Со садење на нови листопадни дрвја, ЈПКД „Комуналец“ го завршува обновувањето на зелениот појас по должината на булеварот „Ленинова“ на местото на зимзелените и другите видови кои предизвикуваа проблем во одвивањето на сообраќајот. Ќе бидат засадени вкупно 100 садници на магнолија и индиски јоргован коишто на овој простор ќе му дадат нов хортикултурен лик и ќе го разубават централното градско подрачје.