ОБЈАВА бр.1/25 За електронско јавно наддавање за давање под закуп на деловен простор

Врз основа на член 2, став 4, алинеја 1, член 36, 37, 38, 39, и член 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (Службен весник на РМ бр.78/2015, 106/2015, 153/2015, 190/2016, 21/2018, Службен весник на РСМ бр.101/2019, 275/2019 и 122/21) и Одлука за давање согласност за издавање под закуп на објекти во сопственост на Општина Струмица (Службен гласник на опптина Струмица бр. 29/20, 3/21 и 4/23), Комисијата за движни и недвижни ствари на Општина Струмица објавува

ОБЈАВА бр.1/25

За електронско јавно наддавање

за давање под закуп на деловен простор

(Прва објава)

1. ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Предмет на електронско јавно наддавање е издавање под закуп на деловен простор сопственост на Општина Струмица, кој се издава под закуп согласно Одлуката за давање на согласност за издавање под закуп на објекти во сопственост на Општина Струмица (Службен гласник на опптина Струмица бр. 29/20, 3/21 и 4/23), донесена од Советот на општина Струмица, во времетрање од четири години од денот на потпишувањето на Договорот за закуп со најповолниот понудувач.

2. ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЛОВНИОТ ПРОСТОР КОЈ СЕ ИЗДАВА ПОД ЗАКУП

Реден бр.

Адреса

Опис и намена на деловниот простор

Површина

Вкупна почетна цена на закупнината (0,5% од проценетата вредност)

Банкарска гаранција 2% од проценетата вредност

Почеток

Час

1. Село Сачево ДП на приземје, м.в. Село, КП бр.555, КО Сачево, ИЛ бр.571

197 м2

22.024,00 денари

88.098,00 денари

11:00

2. Село Муртино ДП и П на приземје, м.в.Село, КП бр.4306, КО Муртино, ИЛ бр.1804

90 м2

5.365,00 денари

21.461,00 денари

11.30

3. Село Муртино ДП, м.в.Село, број на згр 1, влез 1, кат ПР, КП бр.4448, дел 0 КО Муртино, ИЛ 1804

47 м2

7.789,00 денари

31.156,00 денари

12:00

4. Село Муртино ДП, м.в.Село, број на згр 1, влез 1, кат ПР, КП бр.4448, дел 0 КО Муртино, ИЛ 1804

29 м2

4.806,00 денари

19.224,00 денари

12:30

5. Село Муртино ДП, м.в.Село, број на згр 1, влез 1, кат ПР, КП бр.4448, дел 0 КО Муртино, ИЛ 1804

12 м2

1.989,00 денари

7.955,00 денари

13:00

3. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски, физички и правни лица кои можат да се стекнат со право на сопственост на недвижни ствари на територијата на РСМ, согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.

4. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање, комплетирана со следниве докази:

1. Пријава за учество;

2. Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во објавата;

3. Доказ за идентитет (полн назив, точна адреса, кои документи се приложуваат кон пријавата, телефон);

4. За правните лица – Доказ за регистрација на правното лице од Централниот регистар на Република Северна Македонија не постара од шест месеци (за правни лица); – извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа (за странски правни лица)

5. Уредно полномошно за полномошникот кој го претставува правното лице;

6. За физичките лица – Лична карта или патна исправа;

7. Е-маил адреса на поднесувачот на пријавата, преку која што ќе се врши постапката за регистрирање за учество во електронското јавно наддавање на која што ќе им биде испратено корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која ќе се одвива електронското јавно наддавање,

8. Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски банкарската гаранција за сериозност треба во оригинал во писмена форма да се достави и до Комисијата за располагање на недвижни и движни ствари на Општина Струмица на денот кога се доставува комплетната документација.

5.РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до 20.05.2025 год. (вторник). Објавата трае дванаесет (12) дена почнувајќи од 09.05.2025 год.(петок) до 20.05.2025 год. (вторник). Документите се прикачуваат електронски на софтверот. Подносителите на пријави кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање согласно со објавата, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат со корисничкото име и шифра за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање. Подносителите на пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат. Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страницата www.e-stvari.mk. Јавното електронско наддавање ќе се одржи на ден 22.05.2025 год. (четврток).

6. ПОЧЕТНА ЦЕНА

Вкупната почетна цена на закупнината на електронското јавно наддавање за недвижноста која е предмет на закуп е утврдена во табеларниот преглед на оваа објава.

Електронското јавно наддавање ќе се одржи доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.

7. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на електронското јавно наддавање за надвижноста предмет на закуп изнесува 2% од проценетата вредност на недвижната ствар и износот е утврден во табеларниот преглед даден во оваа објава.

Банкарската гаранција за сериозност на понудата му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.

Објавата трае дванаесет (12) дена почнувајќи од 09.05.2025 год.(петок) заклучно со 20.05.2025 год. (вторник). Рокот започнува да тече со денот на објавување на огласот.

Пријавите се поднесуваат најдоцна до 20.05.2025 година (вторник).

Јавното електронско наддавање ќе започне на ден 22.05.2025 година (четврток) со почеток во 11:00 часот и ќе се одвива во временските рокови дадени во табелата.

8. ПОСТАПКА

Постапката за електронското јавно наддавање ја спроведува Комисијата за недвижни и движни ствари формирана од Градоначалникот на Општина Струмица.

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско јавно наддавање.

Јавното наддавање ќе се одржи електронски на следната интернет страница: www.e-stvari.mk.

Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетноста на истите по електронски пат во рок од три дена од денот на поднесувањето на пријавата и на подносителите кои имаат комплетна документација им доставува корисничко име и шифра за учество на електронското јавно наддавање, додека на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување дека истите нема да учествуваат на електронското јавно надавање.

На денот на одржувањето на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страницата со корисничкото име и шифрата која ја добиле од Комисијата.

Електронското јавно наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

Доколку во првите пет минути не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на закупнината на недвижната ствар се намалува за 2% по што учесниците повторно имаат можност да ја прифатат, односно да ја зголемат цената без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување.

Доколку во истекот на последните 2 минути од вторите 5 минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште 2 минути и тоа неограничено се додека во временскиот интервал од 2 минути има нова понуда, а ќе заврши кога за период од следните 2 минути нема нова дадена понуда. Доколку во времетрање од пет минути повторно нема понуда, вредноста на недвижната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.

Намалувањето на вредноста на закупнината во текот на наддавањето доколку станува збор за објава по прв пат може да биде најмногу до 30% од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.

Намалувањето на вредноста на недвижната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по втор пат може да биде најмногу до 30%, доколку на јавното наддавање се пријавил само еден заинтересиран учесник, а доколку се пријавиле двајца или повеќе учсници, намалувањето на вредноста може да биде до најмногу 50% од проценетата вредност.

Учесникот кој на јавното наддавање понудил највисока цена, се стекнува со статус на најповолен понудувач.

По завршувањето на јавното наддавање Комисијата изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

Недвижните ствари дадени во закуп не можат да се даваат во подзакуп.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата на сметката:

Назив и седиште на примачот: Општина Струмица

Банка на примачот НБРМ,

Трансакциона сметка: 100000000063095

Сметка на корисник: 766014078963011, приходна шифра 723914 програма 00,

во согласност со постигнатата крајна цена на закупнина, а доколку не ги уплати во овој рок, нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од 1 година нема да може да учествува на секоe идно електронско јавно наддавање за предметните ствари.

Со најповолниот пoнудувач во рок од 15 работни денови по извршената уплата се склучува договор, во писмена форма кој во рок од 30 дена се доставува кај нотар заради вршење на солемизација.

Нотарските трошоци и трошоците за запишување на правата на закуп во Агенција за катастар на недвижности се обврска на закупецот.

Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на електронско јавно наддавање во рок од 3 дена од одржувањето на електронското јавно наддавање до Комисијата, која одлучува по приговорот со Решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот.

Против Решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Оваа објава ќе биде објавена на web страната на Општина Струмица.

Детални информации врзани за објавата можат да се добијат кај членовите на Комисијата на тел. 034/348-030 и 072/217-562.

02-3211/1 Комисија за недвижни и

08.05.2025 движни ствари на

Струмица Општина Струмица