Врз основа на член 99 и член 122, став 4 од Законот за заштита на животната средина ( ,,Сл.весник на РМ“ бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/08, 83/2009, 48/2010, 124/10,51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и ,,Сл. весник на РСМ“ бр. 89/22 и 171/22 ), Градоначалникот на Општина Струмица врши:
ОБЈАВУВАЊЕ
на Барањето за обнова на Б Интегрирана еколошка дозвола на
АД за неметали ОГРАЖДЕН АД Струмица, Подружница – Мемешли, Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење на минерални суровини
Врз основа на член 124 од Законот за заштита на животната средина ( ,,Сл.весник на РМ“ бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/08, 83/2009, 48/2010, 124/10,51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и ,,Сл. весник на РСМ“ бр. 89/22 и 171/22), Операторот на инсталацијата АД за неметали ОГРАЖДЕН АД Струмица, Подружница – Мемешли, Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење на минерални суровини поднесе Барање за обнова на Б Интегрирана еколошка дозвола. Врз основа на член 99 и член 122, став 4 од Законот за заштита на животната средина ( ,,Сл.весник на РМ“ бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/08, 83/2009, 48/2010, 124/10,51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и ,,Сл. весник на РСМ“ бр. 89/22 и 171/22 ), Градоначалникот на општина Струмица ја информира заинтересираната јавност дека сите потребни информации за Барањето за обнова на Б Интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни во:
Просториите на општина Струмица (дом на Арм), во одделението за Заштита на животната средина.
На web страницата на општина Струмица www.strumica.gov.mk
Заинтересираната јавност своите забелешки може да ги достави усно до Одделението за заштита на животната средина или на електронската адреса на одделението за Заштита на животната средина ekologija@strumica.gov.mk
Писмено обраќање до општина Струмица, ул. Благој Мучето бр. 37, поранешен Дом на АРМ, 2400 Струмица.
Информации за инсталацијата може да се добијат во АД за неметали ОГРАЖДЕН АД Струмица кај лицето Димитар Горгиев.
Инсталацијата врши ископ, дробење, мелење, сеење на минерални суровини.
Време за увид во планскиот документ ќе биде од 8:00 – 16:00 часот, во периодот од 31.07.2024 до 29.08.2024 година ( 30 дена ).
ГРАДОНАЧАЛНИК
НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
Костадин Костадинов