Објавување на барање за Б Интегрирана еколошка дозвола на: АД “ГРОЗД” Струмица, Инсталација за производство и промет на алкохолни и безалкохолни пијалоци

Врз основа на член 99 , и член 122 став 4 од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр:53/2005 , 81/2005 , 24/2007 , 159/08 , 83/2009 , 48/2010 , 124/10 ,51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14  44/15 , 129/15, 192/15 , 39/16 , 99/18 и 89/22 ) Градоначалникот на Општина Струмица врши:

ОБЈАВУВАЊЕ

на Барањето за Б Интегрирана еколошка дозвола  на :

АД ГРОЗДСтрумица Инсталација за производство и промет на алкохолни и безалкохолни пијалоци

                Врз основа на член 124 од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр:53/2005 , 81/2005 , 24/2007 , 159/08 , 83/2009 , 48/2010 , 124/10 ,51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14  44/15 , 129/15, 192/15 , 39/16 , 99/18 и 89/22) , Операторот на инсталацијата АД ГРОЗДСтрумица Инсталација за производство и промет на алкохолни и безалкохолни пијалоци  поднесе Барање за Б Интегрирана еколошка дозвола  .  Врз основа на член 99 и член 122 став 4  од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр:53/2005 , 81/2005 , 24/2007 , 159/08 , 83/2009 , 48/2010 , 124/10 ,51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14  44/15 , 129/15, 192/15 , 39/16 , 99/18 и 89/22), Градоначалникот на општина Струмица ја информира заинтересираната јавност  дека сите потребни информации за Барањето за Б Интегрирана еколошка дозвола  , ќе бидат достапни во:

Просториите на општина Струмица (дом на Арм), во одделението за Заштита на животната средина.

На web страната на општина Струмица www.strumica.gov.mk

Заинтересираната јавност своите забелешки може да ги достави усно  до Одделението за заштита на животната средина  или на електронската адреса на одделението за Заштита на животната средина  ekologija@strumica.gov.mk

Писмено обраќање до општина Струмица, ул.„Благој Мучето„ бр.37 поранешен Дом на АРМ , 2400 Струмица

Информации за инсталацијата може да се добијат во АД “ ГРОЗД” Струмица кај лицето Јулијана Николова.

Инсталацијата  врши производство и промет на алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Време за увид во планскиот документ ќе биде од 8:00 – 16:00 часот, во периодот  од  27.04.2022 до 26.05. 2022  година ( 30 дена ).

 

Изготвил : Соња Стојкова                                                        ОПШТИНА СТРУМИЦА

Одобрил  : Томислав Андреев                                                     ГРАДОНАЧАЛНИК

Потврдил: Никола Годев                                                             Костадин Костадинов