“Дигитализирано земјоделство, напредно земјоделие“ – проект на Општина Струмица во соработка со Општина Василево за поддршка на земјоделството, туризмот и одржливиот економски развој во струмичкиот микрорегион

“Дигитализирано земјоделство, напредно земјоделие“ – проект на Општина Струмица во соработка со Општина Василево за поддршка на земјоделството, туризмот и одржливиот економски развој во струмичкиот микрорегион
На повикот за проекти за меѓуопштинска соработка од 2021 година, објавен од УНДП и во соработка со Бирото за регионален развој, Општина Струмица во соработка со Општина Василево поднесе апликација за проект со наслов “Дигитализирано земјоделство, напредно земјоделие“ во форма на создавање регионална канцеларија со Обучен центар за поддршка на земјоделството, туризмот и одржливиот економски развој во струмичкиот микрорегион.
Целта на проектот, кој започнува да се имплементира, е зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа преку поддршка на иновативни модели на соработка утврдена во Законот за локална самоуправа како и постоечките законски облици, кои отвораат можности за спроведување на политиката за регионален развој и подобрена испорака на услуги кон граѓаните.
Со договорот за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Струмица и Општина Василево поставена е јасна рамка со која треба да се овозможи дигитализација која ќе биде од корист на младите претприемачи и земјоделци за зголемени приходи, а со тоа засилена локална и регионална економија на двете општини. Планирано е отворање на регионална канцеларија и обучен регионален центар за поддршка на бизнис заедницата за поддршка на претприемништвото, туризмот, земјоделството и за регионален развој на струмичкиот микрорегион (Струмица-Василево), со можност за идно проширување.
Во таа насока, двете Општини стратешки ќе постават систем кој треба да служи за создавање и користење на нови дигитални алатки и можности, добри практики во процесот на развојот на современо, планирано, организирано и стандардизирано високо квалитетно земјоделско производство и тоа низ серија активности со фокус на едукација, унапредување и промоција на руралниот туризам и домашните земјоделски производи, стратешко планирање на современо, организирано и стандардизирано земјоделско производство, како и организација и учество на манифестации и саеми.