Општина Струмица ги известува граѓаните коишто се приклучени на гасоводната дистрибутивна мрежа дека денеска ги исплати субвенциите за потрошен природен гас за периодот април – септември оваа година.
Со исплатата се опфатени вкупно 160 домаќинства од Струмица.
Субвенционирањето на цената за физички лица е во износ од 10,00 денари од Nm3 потрошен прирoден гас.