Општина Струмица ја започна имплементацијата на активноста „Туторство за деца Роми од 2 до 4 одделение во основно образование“ со цел зголемување на квалитетот на образование за овие деца кој беше намален како последица на пандемијата со КОВИД 19.
Во таа насока за новата учебна година 2023/2024 Општината обезбеди училишен материјал, прибор и ранци за учениците Роми од ООУ „Маршал Тито“ Струмица, кои се дел од оваа активност, а во која се вклучени вкупно 16 деца Роми од кои 6 девојчиња и 10 момчиња.
Оваа активност се имплементира во рамките на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни“.