Денес градоначалникот Костадин Костадинов, во името на Општина Струмица, потпиша Меморандум за соработка со Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ за тригодишна имплементација на активностите од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“.
Проектот на Здружението, со поддршка од Детската Фондација Песталоци, нуди различни можности за јакнење на капацитети, услови и услуги, со цел заедничко креирање подобри можности за образование на секое дете.
Целта на проектот е заеднички да се овозможи еднаков пристап до квалитетно образование за децата со посебни образовни потреби, преку развивање на ефективни и инклузивни локални модели за поддршка.
Општина Струмица и понатаму ќе иницира и поддржува активности кои ќе бидат во функција на унапредување на образованието.