Градоначалникот Коста Јаневски и секретарот Александар Оџаков со своето учество ја поддржаа модната ревија „Убави сме, свои сме“ којашто во организација на Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Вера“ се одржа во хотелот Сириус. Во своето поздравно обраќање, градоначалникот Јаневски порача хуманоста и човечноста да се докажуваат секојдневно, а не само на вакви настани.