Општина Струмица формираше Локален совет за претприемништво

Општина Струмица формираше Локален совет за претприемништво

За прв пат во општина Струмица денеска во Домот на АРМ се формираше Локален совет за претприемништво на којшто присуствуваа жени претприемнички. На првата работна средба присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов на кој унапредувањето на женското претприемништво му беше едно од ветувањата во предизборната кампања.

Верувам во потенцијалите на жените и нивниот претприемнички дух, но и си стојам на зборот што го дадов дека родовата еднаквост во економскиот развој на Струмица е еден од предизвиците во мојот мандат. Ќе ги споиме вашите идеи и мојата поддршка и заедно ќе ги искористиме сите можности за унапредување на женското претприемништво, рече градоначалникот Костадинов.