По повод светскиот ден без автомобили, 20 септември, а во рамките на „Европската недела на мобилност“, денеска, се одржа дефиле со велосипеди под мотото „Пешачи со нас“. Во своето обраќање до учесниците на дефилето на плоштадот „Гоце Делчев“, градоначалникот Коста Јаневски упати апел за поголемо користење велосипеди, како и за пешачење кои се во функција на намалување на штетните гасови од автомобилите, намалување на последиците од климатските промени, а со тоа и зачувување на нашето здравје.