Од страна на инспекциските служби на општина Струмица, односно од страна на инспекторката за животна средина и, комуналните инспектори изминативе денови во координација со полициски службеници од МВР Струмица од три физички лица одземено е бакар во количина од 31 килограм, додека за еден правен субјект кој управува со отпад поради непоседување на дозвола за истиот покренато е постапка за спогодување пред Комисија формирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Преземените мерки се во согласност со важечките законски прописи.
Согласно планот за работа на Секторот за инспекциски работи од страна на општинскиот инспектор за животна средина во тек е вршење на редовни инспекциски надзори над правни субјекти кои поседуваат Б-интегрирана еколошка дозвола.

