О Д Л У К А за избор на кандидати по објавен јавен оглас

Врз основа на член 39 став 1 алинеја 13 од Статутот на Општина Струмица (Службен гласник на Општина Струмица бр.5/2006), а во врска со објавениот јавен оглас за прием на неопределено време во општинската администрација на општина Струмица на овластени службени лица од областа на безбедноста во ТППЕ-Струмица (бр.04-2768/3 од 17.04.2025 година), oбјавен на ден 23.04.2025 година, во дневните весници „Вечер“ и „Коха“ како и на интернет страницата на општина Струмица, Градоначалникот на општина Струмица, донесе:

О Д Л У К А

за избор на кандидати по објавен јавен оглас

1.За работното места под реден број 1 (еден), Пожарникар спасител, со шифра ПОЖ 02 10 В04 000 се избираат кандидатите

  • Панче Манолев

  • Зоран Димитрушов

    2. За наведеното работно место предвидени се средства во Буџетот на Општина Струмица за 2025 година во ставка 401, подставка 401120.

3. Оваа одлука стапува на сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е

Општина Струмица на ден 23.04.2025 година објави јавен оглас за прием на работници на овластени службени лица од областа на безбедноста во ТППЕ-Струмица објавен во дневните весници „Вечер“ и „Коха“ како и на интернет страницата на општина Струмица.

На ден 05.05.2025 година во просториите на општина Струмица комисијата за селекција изврши административна селекција по оглас бр.03/2025 и утврди дека за огласеното работно место Пожарникар спасител уредно се пријавиле 2 (двајца) кандидати, а на ден 13.05.2025 година се спроведе интервју со кандидатите (Записник бр. 04-2768/11 од 13.05.2025 година).

Врз основа на резултатите од сите фази на селекција, се изготви конечна ранг листа на кандидати и предлог за вработување на кандидати по јавен оглас (бр.04-2768/12 од 13.05.2025 година) за вработување на неопределено работно време на овластени службени лица од областа на безбедноста во ТППЕ Струмица, и истата беше доставена до Градоначалникот за што се одлучи како во диспозитивот.

Правна поука:Ако работникот смета дека со писмена одлука на работодавачот е прекршено неговото право, има право во рок од осум дена од врачувањето на одлуката со која било прекршено правото, да бара од работодавачот истото да го отстрани, во спротивно работникот може во рок од 15 дена да бара судска заштита пред надлежниот суд.

Градоначалник

на Општина Струмица

Костадин Костадинов