Денес градоначалникот Костадин Костадинов го прими во својот кабинет нашиот струмичанец Павле Витанов – победникот на големото балканско музичко шоу „Никогаш не е доцна“, според гласовите од „Фејсбук“.
Градоначалникот му ја честиташе големата победа истакнувајќи дека е горд на него, како еден од многуте струмичани и Македонци кои се среќни, радосни и горди на неговиот голем успех.
Со наградата (голем „златен“ микрофон) в раце, Павле се заблагодари на честитките и ги сподели своите победнички чувстава и импресии од финалето на „Никогаш не е доцна“.
Градоначалникот Костадинов му посака на Витанов уште многу успеси во животот и кариерата.