Жителите на селото Вељуса синоќа имаа можност да гледаат документарни филмови на Патувачкото кино 2022 на МакеДокс. На проекцијата на филмовите на отворено присуствуваа повеќе луѓе и млади и возрасникои поминаа прекрасна филмска вечер.
Главна цел на Патувачкото кино на МакеДокс e да ја поттикне и развие филмската култура на територијата на цела Македонија преку проекции на креативни документарни филмови во малите градови и села, како и да понуди алтернативна, квалитетна и привлечна филмска содржина која е инаку недостапна во тие средини. Токму поради оваа цел, општина Струмица го поддржа ова Патувачко кино.