Втората форумска сесија ќе се одржи на ден 17.10.2019 година (четврток) во 18:00 часот во ДОМ на АРМ (Голема Сала) . Втората буџетска форумска сесија е во реализација на Буџетски форум во Општина Струмица 2019/2020 година.
Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на Буџетот на општината и зголемување на транспаретноста на општината.
На втората буџетска форумска сесија ќе имате можност да се запознаете со остварените приходи во буџетот во 2019, планирани приходи во буџетот во 2020 и планираните расходи за развојни програми за 2020 и да направите избор на програми за дискусија на наредните сесии.
Вашето присуство, активно учество и Вашиот придонес ќе биде од особено значење за успешно спроведување и реализација на Форумот во заедицата – Буџетски форум во Општина Струмица 2019/2020 година со што ќе ја потврдиме транспаретноста и партиципативноста на граѓаните во креирање на општинските политики и креирање на општинскиот Буџет.
Прилог: Агенда – линк