ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 2021 ГОДИНА

ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 2021 ГОДИНА

ДОПОЛНИТЕЛЕН ТРЕТ ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

I. Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските
услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор
на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика
објавува дополнителен трет јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат
во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во
Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 01-21.04.2021 година во
својство на:
• Реонски попишувачи
II. Потребниот број на реонски попишувачи што ќе се изберат по пописни реони и
според јазикот на кој ќе се врши попишувањето со вклучени резервни попишувачи од
10% , е како што следи во табеларните прегледи:
Табеларен преглед за реонски попишувачи може да го видите на следниот ЛИНК.