Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека на ден 10.12.2024 (вторник) и на ден 11.12.2024 (среда), поради чествувањето на Празникот на градот Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот од страна на СВР Струмица, и тоа на улиците „Крушевска Република“, „5ти Ноември“, дел од улицата „Бетовенова“ и улицата „Славчо Стојменски“.
Дополнително, ве известуваме дека дозволена зона за поставување на мобилни продажни пунктови ќе биде потегот долж десната страна на улицата „Крушевска Република“, односно од крстосница на улица „Крушевска Република“ со улица „5ти Ноември“ (Чурлински мост), до крстосница на улица „Крушевска Република“ со крак на улица „Охридска“.
Ги замолуваме сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат дадените насоки.