Во пресрет на Новата година, денеска ги посетив оние кои и за празниците се на своите работни места. Тоа се тивките херои на нашиот град!
Ги посетив вработените во Центарот за управување со кризи, Полициската станица, Болницата, ЈЗУ Стоматологија, Брзата помош. Имавме средби и во Заводот Банско, неколку социјални семејства , вработените во Филтер станицата и Пожарната. Посетив луѓе кои со голема одговорност и пожртвуваност се грижат за безбедноста, здравјето и благосостојбата на граѓаните. На сите им поделив симболични подароци кои ќе им служат на работните места.
Им благодарам на сите вработени што не познаваат работно време кога е во прашање јавниот интерес и хуманоста. Вие сте силата што го држи градот исправен, дури и кога сите други се подготвуваат за празнување.
Нека Новата година ви донесе здравје, мир, повеќе почит и уште повеќе причини за гордост во работата што ја вршите. Среќна и благословена 2026 година на сите наши сограѓани! 



