Општина Струмица од утре започнува со реализацијата на овогодинешниот „Буџетски форум“, кој повторно има за цел да го слушне гласот на граѓаните во креирањето на буџетот на општина Струмица за наредната календарска година. Според градоначалникот Коста Јаневски, овој „Буџетски форум“ е седми по ред, но како и минатата година, така и годинава, по втор пат се реализира самостојно, односно со сопствени ресурси и потенцијал, а согласно Програмата за работа на Општина Струмица и утврдениот правилник за негова реализација.