Празнична магија на Струмичкиот базар со одлична музика и заедништво

Празнична магија на Струмичкиот базар со одлична музика и заедништво
Денеска, празничната атмосфера на базарот во Струмица ја збогати и присуството на градоначалникот Петар Јанков, кој заедно со граѓаните уживаше во третата вечер од програмата.
Музичкиот дел од вечерта беше исполнет со одлична енергија и празничен дух, со настапите на Теодора со бенд и групата One Way, кои испратија силна и топла порака во духот на празниците – порака за Дедо Мраз, радост, заедништво и детска насмевка.

Празничниот базар продолжува и во наредните денови со богата програма и изненадувања за сите генерации. ✨