Предлог Интегриран локален развоен план на Општина Струмица 2024-2027

Почитувани граѓани,

Интегрираниот локален развоен план на Општина Струмица 2024-2027 е изготвен во рамки на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

Ваш придонес во подобрување на документот можете да дадете со Вашите предлози, мислења и сугестии кои ќе бидат разгледани од страна на меѓународни експерти и општинскиот тим за изготвување на документот. Вашите предлози можете да ги пратите на е-маил sofche.janeva@strumica .gov.mk, или да дојдете лично, во простории на Одделение за ЛЕР, поранешен ДОМ на АРМ, секој работен ден од 08:00 – 16:00 часот до 30.12.2024 година.

Воедно изразуваме особена благодарност на сите учесници кои придонесоа да се изготви овој документ, на тимот од експерти и донаторот УНДП, финансирано од Шведска.

 Во прилог е Интегрираниот локален развоен план на Општина Струмица во pdf формат.