Продолжен е рокот на Конкурсот за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори

Се известуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да се ангажираат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во својство на:

-Реонски попишувачи и
-Реонски инструктори

дека Јавниот конкурс за ангажирање на Реонски попишувачи и Реонски инструктори објавен на 20.07.2021 година, наместо до 05.08.2021 година ќе трае до 12.08.2021 година. Заинтересираните кандидати можат да достават електронска пријава која е достапна на https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021.aspx до 12.08.2021 година. Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. „Даме Груев“ бр.4 Скопје, п.фах 506, најдоцна до 16.08.2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето. Останатите утврдени услови од претходно објавениот конкурс остануваат во сила.