Проектот „Од селектиран отпад до нов креативен производ“ ги дава очекуваните резултати

Проектот „Од селектиран отпад до нов креативен производ“ ги дава очекуваните резултати

Во рамките на проектот „Од селектиран отпад до нов креативен производ“, кој што е во дирекна корелација со програмата на Општина Струмица, од областа на животната средина за 2025 година – програма Р1 и финансиски е поддржан од истата, во изминатиот период според предвидената проектна динамика се одржаа неколку активности.

Помеѓу почетните значајни активности се  организирање и одржување на обуки и работилници на ученици од средните училишта за стекнување на ТРАЈНИ ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ преку реупотреба на отпад од текстил и пластика.

Со обуки и работилници се започна најпрво во СОУ „Јане Сандански“, каде што учениците како целна група се стекнаа со знаење како да го сортираат и подготват отпадот на брз и едноставен начин за негова понатамошна обработка, потоа учениците се стекнаа со брзи и едноставни техники за реупотреба на отпадот, за на крај да извршат и практична примена на стекнатите вештини преку изработка на нови креативни корисни производи создадени директно од самите ученици.

Истиот процес на организирање обуки и работилници, во тековниот период се одвиваат и во СОУУД „Димитар Влахов“. И овде учениците, како целна група се стекнуваат со истите техники и вештини како и учениците од струмичката гимназија. Во овие две училишта отпадот кој што се третира и од кој се изработуваат креативни производи, е текстилниот отпад.

Во следниот период, според планираната проектна динамика, ќе се изврши и едукација, обука и работилници и на учениците од ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“, каде што како отпадна суровина за изработка на нов креативен производ ќе се искористи отпад од пластика.

Сите овие позитивни практики, кои што ќе им остават трајни животни вештини на учениците од трите средни училишта на територија на општина Струмица, се спроведени од страна на стручно лице – обучувач Ивана Ангова за реализација на проектот „Од селектиран отпад до нов креативен производ“.

Со ваков активизам учениците се активни учесници во зачувувањето на животната средина и истите се поттикнати да размислуваат креативно за решавање на еколошките проблеми, а стекнатите животни вештини можат да им влијаат претприемачки и да им донесат финансиски бенефит.