Решение за свикување на педесет и првата седница  на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на педесет и првата седница  на  Советот на општина Струмица
Совет на општина Струмица
Бр.08 – 3543/1
16.05.2025 год.
С т р у м и ц а

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на педесет и првата седница  на

Советот на општина Струмица

 

               Ја свикувам педесет и првата седница на Советот на општина Струмица за ден 23.05.2025 година (петок).

               Педесет и првата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работата на седницата предлагам:

I

Усвојување на записникот од 50-та седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог – Решение за верификација на  мандат на член на Советот на Општина Струмица;
  2. Барање за свикување на итна седница на Советот на Општина седница од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата;
  3. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за прв квартал од 2025 година;
  4. Информација oд ЈОУДГ„Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица во врска со состојбата на недостаток на вработени со цел непречено функционирање на јавните установи (материјалот ќе биде дополнително доставен);
  5. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Струмица;
  6. Предлог –  Одлука за доделување парична помош на Томе Танчев од с.Дабиље;
  7. Предлог –  Одлука за доделување парична помош на Тунџет Демов од Струмица;
  8. Предлог –  Одлука за доделување парична помош на Верица Ѓеоргиева од Струмица;
  9. Предлог –  Одлука за доделување парична помош на Ѓулфидан Афидова од Струмица;
  10. Предлог – Одлука за донесување на Урбанистички план за село Муртино, Општина Струмица (Плански период 2020-2030 година);
  11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП 505 во КО Просениково вон гр;
  12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1376 во КО Градско Балдовци;
  13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.6234 и КП бр.7930, КО Струмица;
  14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.450/3 КО Добрејци ВОН ГР.
  15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.1276 КО Добрејци ВОН ГР.
  16. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
  17. Предлог – Програма за активностите на општина Струмица за ревитализација по елиминирање на кризи во областа на заштита и спасување во 2025 година;
  18. Предлог – Програма за енергетска ефикасност на општина Струмица за периодот 2025-2027 година
  19. Предлог – Решение за разрешување и именување на вршители на должност членови на Управниот одбор на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица
  20. Предлог – Решение за разрешување и именување на вршител на должност член на Надзорниот одбор за материјално – финансиско работење на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица;
  21. Предлог – Решение за предлагање член во Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Струмица;
  22. Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта Струмица“ – Струмица за период од 01.01.2025 до 31.03.2025 година;
  23. Извештај за работата на ЈПЕД „Струмица – гас“ – Струмица за период од 01.01.2025 до 31.03.2025 година;
  24. Извештај за работата на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица за период од 01.01.2025 до 31.03.2025 година;
  25. Извештај за работата на ЈПЗБК „Стационар – Лана“ – Струмица за период од 01.01.2025 до 31.03.2025 година;
  26. Извештај за работата на ЈСП „СТРУМИЦА – ТРАНСПОРТ“ – Струмица за период од 01.01.2025 до 31.03.2025 година;
  27. Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2024 година
  28. Измена на Годишен план за вработување на ООУ „Герас Цунев“ – Просениково;

 

                                                                      Совет на општина Струмица
          Претсeдател,
           Марjан Даскаловски