Совет на општина Струмица
Бр.08 – 6933/1
18.09.2025 год.
С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на педесет и шестата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам педесет и шестата седница на Советот на општина Струмица за ден 25.09.2025 година (четврток).
Педесет и шестата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.
За работата на седницата предлагам:
I
Усвојување на записниците од 54-та и 55-та седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н р е д
- Предлог – Одлука за усвојување на План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струмица за период 2025-2029 година;
- Предлог – Годишен план за вработување во општинската администрација на Општина Струмица за 2026 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за пополнување на работни места согласно Годишниот план за вработување за 2026 година на Општина Струмица;
- Предлог – Решение за разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на СОУ „Јане Сандански“ Струмица;
- Предлог – Решение за разрешување на членови на Управниот одбор на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица;
- Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта-Струмица” Струмица за период од 01.01.2025 до 30.06.2025 година;
- Барање за поништување на Одлука за давање на трајно користење на мрежата за јавното осветлување на територијата на Општина Струмица;
- Годишен план за вработување на Општинска установа Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица за 2026 година;
- Извештај за работа на СОУ „Јане Сандански” Струмица во учебната 2024/2025 година;
- Предлог – Годишна програма за работа на СОУ „Јане Сандански” Струмица во учебната 2025/2026 година;
- Извештај за работа на СОУУД „Димитар Влахов” Струмица во учебната 2024/2025 година;
- Предлог – Годишна програма за работа на СОУУД „Димитар Влахов” Струмица во учебната 2025/2026 година;
- Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за воспитна 2024/2025 година;
- Програма за работа на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за воспитна 2025/2026 година;
- Барање согласност за прием на поголем број на деца во ЈОУДГ „Виножито“ Струмица.
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски