Решение за свикување на петтата седница на Советот на општина Струмица 

Решение за свикување на петтата седница на Советот на општина Струмица 
Совет на општина Струмица
    Бр.08 – 9353/1
    19.12.2025 год.
    С т р у м и ц а

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ” бр. 5/02 и „Сл.весник на РСМ“ бр.202/24) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица („Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

Р е ш е н и е

за свикување на петтата седница на

Советот на општина Струмица 

 

               Ја свикувам петтата седница на Советот на општина Струмица за ден 26.12.2025 година (петок).

               Петтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00  часот.

За работата на седницата предлагам:

I

Усвојување на записниците од 3-та и 4-та седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог – Решение за верификација на мандат на член на Советот на општина Струмица;
  2. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за здравствена заштита, социјална заштита и заштита на децата;
  3. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за култура, образование и спорт;
  4. Предлог – Програма за работа на Советот на општина Струмица за 2026 година;
  5. Предлог – Буџет на Општина Струмица за 2026 година;
  6. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2026 година;
  7. Предлог – Одлука за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2026 годинa;
  8. Предлог – Програма на општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа во 2026 годинa;
  9. Предлог – Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2026 година;
  10. Предлог – Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2026 година;
  11. Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2026 година;
  12. Предлог – Програма за поставување на  урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2026 година;
  13. Предлог – Програма за работа  во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Мaкeдонија на подрачјето на општина Струмица за 2026 година;
  14. Предлог – Програма за заштита од штетно дејство на водите за 2026 година;
  15. Предлог – Програма за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2026 година;
  16. Предлог – Програма за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2026 година;
  17. Предлог – Програма за одржување на јавната чистота на подрачјето на Општина Струмица во 2026 година;
  18. Предлог – Програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица  за 2026 година;
  19. Предлог – Програма за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2026 година;
  20. Предлог – Програма за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2026 година;
  21. Предлог – Програма за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2026 година;
  22. Предлог – Програма за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2026 година;
  23. Предлог – Програма за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2026 година;
  24. Предлог – Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната  и детската заштита во 2026 година;
  25. Предлог – Програма за активностите на Општина Струмица  во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и  справувањето со кризи во 2026 година;
  26. Предлог – Програма на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2026 година;
  27. Предлог – Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2026 година во Општина Струмица;
  28. Предлог – Измена на  Годишниот план за вработување во општинската администрација  на  Општина  Струмица за 2026 година;
  29. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за пополнување на работни места согласно Измената на Годишниот план за вработување за 2026 година на Општина Струмица;
  30. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2026 година;
  31. Предлог – Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2026 година;
  32. Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош на семејства со прваче на подрачјето на Општина Струмица во учебната 2026/2027 година;
  33. Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош за   новороденче на подрачјето на Општина Струмица  во 2026 година;
  34. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Блок 8, Општина Струмица, плански опфат помеѓу ул.„Гоце Делчев“, бул.„Климент Охридски“ и граница на зона со намени КО од ГУП за град Струмица (Граница на катастарска парцела 107/1), плански период 2024-2029;
  35. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за утврдување на висината на комуналните такси;
  36. Извештај за работата на ОИК Струмица за организација и спроведување на Локални избори одржани на 19 октомври 2025 година;
  37. Предлог – Одлука за определување висината на надоместокот и начинот на исплата на изборните органи ангажирани за Локалните избори 2025 година на подрачјето на Општинска изборна комисија – Струмица;
  38. Предлог – Одлука за прифаќање на донација за Мултифункционален терен за ракомет, фудбал и кошарка;
  39. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патниците на подрачјето на општина Струмица;
  40. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотацијата за основно образование за 2026 година;
  41. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотацијата за средно образование за 2026 година;
  42. Предлог – Oдлука за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост„ Струмица за 2026 година;
  43. Предлог – Oдлука за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Виножито„ Струмица за 2026 година;
  44. Предлог – Одлука за субвенционирање на сметките на гас за домаќинствата на подрачјето на Општина Струмица за 2026 година;
  45. Предлог – Одлука за субвенционирање на надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем во 2026 година;
  46. Програма за работа со финансов план на ЈПЕД „Струмица – Гас” Струмица за 2026 година;
  47. Одлука за одредување на продажна цена на природен гас за 2026 година на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
  48. Програма и план за хуман третман и благосостојба на бездомни кучиња на ЈПЗБК „Стационар – Лана“ Струмица за 2026 година;
  49. Финансиски план за работа на ЈПЗБК „Стационар -Лана“ Струмица за 2026 година;
  50. Програма за работа на ЈП „Паркиралишта – Струмица” Струмица за 2026 година;
  51. Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица со финансиски извештај за период од 01.01.2025 до 30.09.2025 година;
  52. Програма за работа со финансиски план на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2026 година;
  53. Програма за работа со финансиски план на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за 2026 година;
  54. Субвенциониран ценовник на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за 2026 година;
  55. Измена и дополнување на Годишен план за вработување на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за 2026 година;
  56. Барање согласност за обезбедени финансиски средства за измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2026 година на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица;
  57. Програма за подготовка и реализација на Струмичкиот карневал – 2026 година;
  58. Програма за работа на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица за 2026 година;
  59. Предлог –Заклучок: Граѓаните на општина Струмица одбиваат изградба на капацитети за сместување или сместување на било кој друг начин на баратели на азил одбиени од Велика Британија на територијата на општина Струмица.

 

Напомена: Материјалот по точките со реден број 46, 47 и 52 ќе биде дополнително доставен.

 

   Совет на општина Струмица
          Претсeдател,
         Никола Маџунков