Решение за свикување на свечена седница на Советот на општина Струмица

По повод празникот “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаче-ници“ – заштитници на градот,  свикувам свечена седница на Советот на општина Струмица на ден 11.12.2020 година (петок).

Свечената седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во НУЦК „Антон Панов“ (голема сала) во Струмица и ќе започне со работа во 12,00  часот.

На седницата ќе се работи по следниот:

Д н е в е н   р е д

  1. Поздравен говор на Градоначалникот на општина Струмица по повод празникот “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаче-ници“; и
  2. Доделување на Годишни општински награди и признанија за 2020 годинa “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“; и доделување на Општинска награда за животно дело во 2020 година “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“.

 

Совет на општина Струмица

Претседател,

Марјан Даскаловски