Решение за свикување на седумнаесеттата седница  на Советот на општина Струмица

Решение  за свикување на седумнаесеттата седница  на  Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица

Бр.08 – 9333 /1

23.11.2022 год.

С т р у м и ц а

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на седумнаесеттата седница  на

Советот на општина Струмица

 

 Ја свикувам седумнаесеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 30.11.2022 година (среда).

Седумнаесеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работата на седницата предлагам:

Д н е в е н   р е д

  1. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Струмица за 2022 година;
  2. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Далибор Христов од с.Градошорци;
  3. Предлог – Програма за одржување на улиците во град Струмица и населените места, како и локалните патишта во Општина Струмица за 2022/2023 година во зимски услови;
  4. Одлука за задолжување на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица кај домашна банка;
  5. Предлог – Одлука за издавање на гаранција за задолжување на ЈПЕД ,,Струмица – Гас“ Струмица;
  6. Одлука за усвојување и донесување на Пречистен текст на Статутот на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица;
  7. Предлог – Решение за разрешување на членови на Управниот одбор на ЈПЕД ,,Струмица – Гас“ Струмица;
  8. Предлог – Решение за именување на вршители на должност членови на Управниот одбор на ЈПЕД ,,Струмица – Гас“ Струмица;
  9. Предлог – Решение за разрешување на членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈПЕД ,,Струмица – Гас“ Струмица;
  10. Предлог – Решение за именување на вршители на должност членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈПЕД ,,Струмица – Гас“ Струмица;
  11. Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица за период од 01.01.2022 до 30.09.2022 година;
  12. Физибилити студија за поставување на фотоволтаични централи со кост бенефит анализа за инвестиција на ЈПКД „Кoмуналец“ Струмица (инсталиран капацитет од 406,4 KWh);
  13. Физибилити студија за поставување на фотоволтаични централи со кост бенефит анализа за инвестиција на ЈПКД „КОмуналец“ Струмица (инсталиран капацитет од 2,2 MWp);
  14. Одлука за започнување на постапка за кредитирање за реализација на Физибилити студии за поставување на фотоволтаични централи во ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
  15. Финансиски извештај за работата на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за период 01 месец – 09 месец 2022 година;
  16. Извештај од процена на штета од природна непогода – поплава, силен ветар и град на подрачјето на Општина Струмица од 29 Мај 2022 година

Совет на општина Струмица

          Претсeдател,

           Марjан Даскаловски