Совет на општина Струмица
Бр.08 – 10882/1
21.12.2023 год.
С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на триесет и втората седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам триесет и втората седница на Советот на општина Струмица за ден 28.12.2023 година (четврток).
Триесет и втората седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.
За работата на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од 30-та и 31-та седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н р е д
- Предлог-Програма за работа на Советот на општина Струмица за 2024 година;
- Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2024 година;
- Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2024 година;
- Предлог – Програма на општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа во 2024 годинa;
- Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2024 година;
- Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
- Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2024 година;
- Предлог – Програма за поставување на урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2024 година;
- Предлог-Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Мaкeдонија на подрачјето на општина Струмица за 2024 година;
- Предлог-Програма за заштита од штетно дејство на водите за 2024 година;
- Предлог – Програма за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
- Предлог – Програма за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2024 година;
- Предлог-Програма за одржување на јавната чистота во 2024 година;
- Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица за 2024 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2024 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2024 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2024 година;
- Предлог- Програма за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2024 година;
- Предлог–Програма за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2024 година;
- Предлог – Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2024 година;
- Предлог – Програма за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2024 година;
- Предлог-Програма на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2024 година;
- Предлог-Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2024 година во Општина Струмица;
- Извештај за 2023 година и Програма за Струмичкиот карневал – 2024 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2024 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2024 година;
- Предлог – Одлука за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2024 годинa;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Аргир Стоев;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Иса Демиров од с.Банско;
- Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2024 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за средното образование за 2024 година;
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош на семејства со прваче на подрачјето на Општина Струмица во учебната 2024/2025 година;
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош за новороденче на подрачјето на Општина Струмица во 2024 година;
- Предлог – Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патниците на подрачјето на општина Струмица;
- Предлог – Oдлука за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост„ Струмица;
- Предлог – Oдлука за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Виножито„ Струмица;
- Предлог – Одлука за субвенционирање на сметките на гас за домаќинствата на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
- Предлог – Решение за именување на членови во Општинскиот совет за превенција на детското престапништво на општина Струмица;
- Предлог – Решение за именување на членови во Комисијата за унапредување на правата на пациентите во Општина Струмица;
- Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈСП ,,Струмица – Транспорт“ Струмица;
- Предлог – Решение за именување на членови на Надзорниот одбор за материјално – финансиско работење на ЈСП ,,Струмица – Транспорт“ Струмица;
- Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 5, УЕ 1, Општина Струмица, ограничен со улиците „У-1“, „У-3“, „У-6“, и „У-13“, (Плански период 2021-2026 година);
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на КП бр. 3461 КО Банско;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 1.4-1, ГП 1.4-2, ГП 1.4-3, ГП 1.4-4, ГП 1.4-5, ГП 1.4-6 и ГП 1.4-7 (КП 435/1 и КП 435/2), КО Градско Балдовци, Општина Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација-спојување на КПбр.437/1 и КПбр.437/2, KO Струмица од ДУП за Блок број 20, со намена ИНДИВИДУАЛНО ДОМУВАЊЕ, општина Струмица;
- Програма за работа на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица за 2024 година;
- Програма за работа на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица за 2024 година;
- Програма за хуман третман и благосостојба на бездомни кучиња на ЈПЗБК „Стационар – Лана“ Струмица за 2024 година;
- Одлука за утврдување на висината на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈПЗБК „Стационар -Лана“ Струмица за 2024 година;
- Програма за работа на ЈП „Паркиралишта-Струмица” Струмица за 2024 година;
- Програма за работа на ЈПЕД „Струмица – Гас” Струмица за 2024 година;
- Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица за период од 01.01.2023 до 30.09.2023 година;
- Програма за работа со финансиски план на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2024 година;
- Одлука за утврдување на висина на бод за исплата на плата на вработените во ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2024 година;
- Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за период од 01.01.2023 до 30.09.2023 година (со финансиски план);
- Одлука за утврдување на тарифа за прочистување на отпадни води на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за регулиран период 2024-2026;
- Одлука за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за регулиран период 2024-2026;
- Одлука за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за регулиран период 2024-2026 за ЈП „Турија“ Василево;
- Одлука за утврдување на тарифа за собирање и одведување урбани отпадни води на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за регулиран период 2024-2026;
- Програма за работа на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за 2024 година;
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Виножито“ Струмица;
- Дополнување на Годишен план за вработување за 2024 година на ООУ „Даме Груев“ Куклиш;
- Извештај од процена на штета од природна непогода – поплава, силен ветер и град на подрачјето на општина Струмица од 29 мај 2022 година (дополнително ќе биде доставен материјал).
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски