Решение за свикување на триесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на триесет и деветтата седница  на Советот на општина Струмица
Совет на општина Струмица
    Бр.08 – 4737/1
    08.07.2024 год.
    С т р у м и ц а

 

 

               Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на триесет и деветтата седница  на

Советот на општина Струмица

 

               Ја свикувам триесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица за ден 15.07.2024 година (понеделник).

               Триесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00  часот.

I

За работата на седницата го предлагам следниот:

Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2024 година;
  2. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Томислав Нефтенов од Струмица;
  3. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Благој Калпачки од Струмица;
  4. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Јане Стоилов од Струмица;
  5. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Живко Димчев од Струмица;
  6. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Миле Ѓорѓиев од Струмица;
  7. Предлог – Одлука за субвенционирање на надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем во 2024 година;
  8. Ценовник за приклучување на корисници на дистрибутивната гасоводна мрежа на ЈПЕД „Струмица – ГАС“ Струмица за 2024 година;

 

 

 

                                                                      Совет на општина Струмица
          Претсeдател,
        Марjан Даскаловски