Решение за свикување на триесет и првата седница  на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на триесет и првата седница  на Советот на општина Струмица
Совет на општина Струмица
    Бр.08 – 9968/1
    24.11.2023 год.
    С т р у м и ц а

 

               Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на триесет и првата седница  на
Советот на општина Струмица
 
               Ја свикувам триесет и првата седница на Советот на општина Струмица за ден 01.12.2023 година (петок).
               Триесет и првата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.
               За работа на седницата предлагам:
I
               Усвојување на записникот од 29-та седница на Советот на општина Струмица
II
 
Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Струмица за 2023 година;
  2. Предлог – Одлука за поништување на Одлуката за утврдување Нацрт план за Генерален урбанистички план за град Струмица, Општина Струмица, со плански период 2023-2033;
  3. Предлог – Одлука за утврдување Нацрт план за Генерален урбанистички план за град Струмица, Општина Струмица, со плански период 2023-2033;
  4. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Танкица Минкова од  Струмица.

 

                                                                      Совет на општина Струмица
         Претсeдател,
           Марjан Даскаловски