Решение за свикување на триесет и седмата седница  на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на триесет и седмата седница  на Советот на општина Струмица
Совет на општина Струмица
    Бр.08 -3229/1
    22.05.2024 год.
    С т р у м и ц а

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на триесет и седмата седница  на
Советот на општина Струмица

 

               Ја свикувам триесет и седмата седница на Советот на општина Струмица за ден 29.05.2024 година (среда).
               Триесет и седмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.
За работата на седницата предлагам:

I

Усвојување на записниците од 35-та и 36-та седница на Советот на општина Струмица

II

За работата на седницата го предлагам следниот:

Д н е в е н   р е д

 

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за првиот квартал од 2024 година;
  2. Предлог – Решение за разрешување и именување на претседател, секретар и членови на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата;
  3. Предлог – Решение за разрешување претставник на Општина Струмица во Управниот одбор на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица;
  4. Предлог – Решение за разрешување и именување на вршители на должност членови на Управниот одбор на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица;
  5. Предлог – Решение за разрешување и именување на вршител на должност член на Надзорниот одбор за материјално – финансиско работење на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица;
  6. Предлог – Решение за разрешување и именување на вршител на должност член на Управниот одбор на ЈПЗБК „Стационар – ЛАНА“ Струмица;
  7. Извештај за работата на ЈПЗБК „Стационар – ЛАНА“ Струмица за период од 01.01.2024 до 31.03.2024 година;
  8. Извештај за работењето на ЈСП „СТРУМИЦА – ТРАНСПОРТ“ Струмица за период 01.01.2024 – 31.03.2024 година;
  9. Извештај за работењето на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за период 01.01.2024 – 31.03.2024 година.

 

 

                                                                            Совет на општина Струмица
          Претсeдател,
        Марjан Даскаловски