Решение за свикување на четириесет и втората седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување четириесет и втората седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам четириесет и  втората на Советот на општина Струмица за ден  25.12.2020  година ( петок).

Четириесет и  втората   седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата  го  предлагам  следниот :

 Дневен ред 

  1. Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2021 година;
  2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2021 година;
  3. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2021 година;
  4. Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  на територијата на Општина Струмица за 2021 година;
  5. Предлог – Програма за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2021 година;
  6. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2021 година;
  7. Предлог – Програма за поставување на  урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2021 година;
  8. Предлог-Програма за одржување на јавната чистота во 2021 година;
  9. Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица  за 2021 година;
  10. Предлог -Програма за заштита од штетно дејство на водите за 2021 година;
  11. Предлог – Програма за активности во областа на заштитата на  животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2021 година;
  12. Предлог –Програма за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот  во 2021 година;
  13. Предлог- Програма за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2021 година;
  14. Предлог-Програма за активностите на општина Струмица во областа на меѓународна соработка за 2021 година;
  15. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2021 година;
  16. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2021 година;
  17. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2021 година;
  18. Предлог – Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2021 година;
  19. Предлог-Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2021 година во Општина Струмица;
  20. Предлог – Програма за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и  справувањето со кризи во 2021  година;
  21. Предлог-Програма на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2021 година;
  22. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2021 година;
  23. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за средното образование за 2021 година;
  24. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2021 година;
  25. Предлог – Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2020 година;
  26. Предлог – Одлука за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2021 годинa;
  27. Предлог – Одлука за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Струмица од сите ризици и опасности за 2021 година;
  28. Предлог – Одлука за донесување на Социјален план на Општина Струмица (2021-2024)
  29. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање надомест за утврдување на правен статус на бесправни помошни објекти на црква „Св. вмч. Димитриј“ Костурино;
  30. Предлог – Одлука за утврдување на режим на сообраќај  со поставување на безбедносни огради и заштитни столбчиња на одделни локации  во град Струмица;
  31. Предлог-Одлука измена на Одлуката за одобрување трансвер на финансиски средства  на ЈПЕД “Струмица-гас“  Струмица;
  32. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество на Проект за изградба на пристапен пат до Регионалниот стационар за бездомни кучињa;
  33. Предлог – Одлука за поништување на Одлуката за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња;
  34. Предлог – Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња;
  35. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патниците на подрачјето на општина Струмица;
  36. Програма за работа на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ за 2021 година;
  37. Програма за работа на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ за 2021 година;
  38. Извештај за 2020 година и Програма за Струмичкиот карневал – 2021 година;
  1. Програма за работа на ЈП „Паркиралишта-Струмица” за 2021 година;
  2. Извештај за работа на ЈПЕД “Струмица-гас” Струмица за 1-9 месец 2020  година;
  3. Програма за работа на ЈПЕД „Струмица –гас” за 2021 година;
  4. Извештај за работа на ЈПКД “Комуналец” Струмица за 1-9 месец 2020  година;
  5. Програма за работа на ЈПКД “Комуналец” Струмица за 2021 година;
  1. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7953/2 КО  Струмица;
  2. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3140 КО  Куклиш;
  3. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1/1 КО  Банско вон- Г.Р.;
  4. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 6391/51 и КП бр.6391/108  КО Струмица;
  5. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2807 КО  Вељуса; и
  6. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 5224 КО  Вељуса.

Совет на општина Струмица

Претсeдател,

Марjан Даскаловски