Решение за свикување на четириесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на четириесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08-4830/1, 29.07.2021 год.

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување на четириесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам четириесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица за ден 05.08.2021 година (четврток)
Четириесет и деветатата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата го предлагам следниот:

Дневен ред

1. Кватрален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2021 година;
2. Предлог – одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2021 година;
3. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2021 година;
4. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2021 година;
5. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2021 година;
6. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2021 година;
7. Предлог – Одлука за субвенционирање на дел од надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем во 2021 година;
8. Предлог – Одлука за користење на Проценката на загрозеност од сите ризици и опасности на подрачјето на општина Струмица;
9. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од блок 20, во Струмица;
10. Предлог – Одлука за утврдување режим на сообраќај за приклучување на концесиски полиња на локалитет во с.Раборци, Општина Струмица;
11. Предлог – Одлука за утврдување и уредување на режим на сообраќај за уредување на дел од КП бр. 492/1, 493, 6277/1 491/1 КО Струмица;
12. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во СОУ „Јане Сандански“ Струмица;
13. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица;
14. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во СОУ „Никола Карев“ Струмица;
15. Програма за измена и дополнување на Програма за работа на ЈП „Паркиралишта- Струмица“ за 2021 година;
16. Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица-Гас“ за периодот од I до VI месец 2021 година;
17. Годишен план за вработување во 2022 година на ЈПЕД „Струмица–Гас“ Струмица;
18. Барање согласност за обезбедени финансиски средства Годишен план за вработување во 2022 година на ЈПЕД „Струмица–Гас“ Струмица;
19. Извештај за работењето на ЈПКД „Комуналец“ за периодот од I до VI месец 2021 година;
20. Одлука за набавка на специјални возила за подигање на смет на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
21. Годишен план за вработување во 2022 година на ЈПКД „Комуналец“ Струмица; и
22. Барање согласност за обезбедени финансиски средства Годишен план за вработување во 2022 година на ЈПКД „Комуналец“ Струмица.

Претседател,
Марјан Даскаловски