Решение за свикување на четириесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на четириесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица
Совет на општина Струмица
    Бр.08 – 1649/1
    07.03.2025 год.
    С т р у м и ц а

               Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам 

 

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на четириесет и деветтата седница  на

Советот на општина Струмица

 

               Ја свикувам четириесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица за ден 14.03.2025 година (петок).

               Четириесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00  часот.

За работата на седницата предлагам:

I

Усвојување на записникот од 48-та седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог –  Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Струмица;
  2. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2024 година;
  3. Годишен извештај на Општина Струмица за 2024 година;
  4. Предлог – Завршна сметка  на Буџетот на општина Струмица за 2024 година;
  5. Извештај за реализација на Програмата на Општина Струмица за работа со облиците на месната самоуправа за 2024 година;
  6. Извештај за реализација на Програмата  за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2024 година;
  7. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2024 година;
  8. Извештај за реализација на Програмата  на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2024 година;
  9. Извештај за реализација на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина  и штетно дејство на водите на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
  10. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2024 година;
  11. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  Општина Струмица за 2024 година;
  12. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  на територијата на Општина Струмица за 2024 година;
  13. Извештај за реализација на Програмата за урбанистички планови во Општина Струмица за 2024 година;
  14. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2024 година;
  15. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа  на културата во 2024 година;
  16. Извештај за реализација на Програмата  за активностите на Општина Струмица  во областа на образованието во 2024 година;
  17. Извештај за работата на Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица за 2024 година;
  18. Предлог – Буџетски календар за подготовка и донесување на Буџетот на општина Струмица за 2026 година;
  19. Предлог – Одлука за утврдување потреба од кофинансирање за изработка на Проектна документација за изработка на фекален колектор за спроведување на отпадните води од с.Просениково и с.Дабиље до пречистителна станица за отпадни води на град Струмица-Општина Струмица;
  20. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество на Проект за „Изградба на Дом на Култура во с. Куклиш Општина Струмица – Трета фаза“;
  21. Предлог – Одлука за утврдување потреба од кофинансирање за проект  „Модернизација на регионот- набавка на специјализирани возила“;
  22. Предлог – Одлука за утврдување на режим на сообраќај за ул.„Боро Џони“ и ул.„Герас Цунев“ во општина Струмица;
  23. Предлог – Одлука за дополнување на Одлука за означување условите и утврдување на режимот на сообраќај во градот Струмица;
  24. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за Блок 8 (КП 108/2) КО Струмица, Општина Струмица (Плански период 2018-2023 година);
  25. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Ибиша Мустафова од Струмица;
  26. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Виолета Шопова од Струмица;
  27. Предлог – Одлука за вршење на отпис на побарувања од купувачи  – простор пред деловен простор;
  28. Предлог – Решение за разрешување на членови во Организациониот одбор на Струмичкиот карневал;
  29. Извештај за работата на Општиската јавна установа –Отворен граѓански универзитет „Јоска Свештарот“ за 2024 година;
  30. Годишна сметка со финансов извештај на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за 2024 година;
  31. Годишна сметка со финансов извештај на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица за 2024 година;
  32. Годишен извештај за работата на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица за периодот од 01.01 2024 до 31.12.2024 година;
  33. Годишна сметка на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица за 2024 година;
  34. Одлука за распоредување на добивката остварена по годишната сметка и финансиските извештаи за 2024 година на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
  35. Измена и дополнување на Годишен план за вработување за 2025 год. на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
  36. Барање на согласност за обезбедени финансиски средства за Измена и дополнување на Годишен план за вработување за 2025 год. на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
  37. Програма за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица за 2025 година;
  38. Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица за периодот од 01.01 2024 до 31.12.2024 година;
  39. Годишна сметка на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица за 2024 година;
  40. Одлука за покривање на загуба по годишната сметка за 2024 година на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица;
  41. Годишна сметка за 2024 година на ЈПКД „Комуналец“ Струмица, со Годишен извештај за годината што завршува на 31.12.2024 година;
  42. Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за период 1-12 месец 2024 година;
  43. Годишен финансиски извештај за 2024 година споредено со 2023 година на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
  44. Годишен финансиски извештај  за работата на ЈПЗБК „Стационар-Лана“ Струмица 2024 година;
  45. Годишен извештај за физички обем за работењето на ЈПЗБК „Стационар-Лана“ Струмица за период од 01.01.2024 – 31.12.2024 година;
  46. Извештај за работа на ЈСП „Струмица-Транспорт“ Струмица за период 01.06.2024 – 31.12.2024 година;
  47. Годишна сметка на ЈСП „Струмица-Транспорт“ Струмица за 2024 година;
  48. Измена на Годишен план за вработување на ООУ „Маршал Тито“ Муртино за 2025 година.

 

 

                                                                            Совет на општина Струмица
          Претсeдател,
           Марjан Даскаловски