Решение за свикување на четириесет и седмата седница на Совет на општина Струмица

Решение за свикување на четириесет и седмата седница на Совет на општина Струмица
Совет на општина Струмица
    Бр.08 – 373/1
    21.01.2025 год.
    С т р у м и ц а

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на четириесет и седмата седница  на

Совет на општина Струмица

 

               Ја свикувам четириесет и седмата седница на Советот на општина Струмица за ден 28.01.2025 година (вторник).

               Четириесет и седмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

 

За работата на седницата предлагам:

Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог-Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2025 година;
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Интегрален локален развоен план на Општина Струмица за периодот 2024 – 2027 година;
  3. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на згрижувачки семејства во ЈОУДГ„Детска Радост“ Струмица и ЈОУДГ “Виножито“ Струмица за 2025 година;
  4. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Наце Ристов од Струмица;
  5. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Зорица Стојанова од Струмица;
  6. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Бајрам Ибраимов од с.Банско;
  7. Предлог – План за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во општина Струмица во учебната 2025/2026 година;
  8. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2025 година;
  9. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП бр. 3.3 и ГП бр.3.4 К.О. Струмица, од ДУП за Блок Бр.19, Општина Струмица;
  10. Предлог – Одлука за утврдување на  Урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите на ГП 38-38 ( УБ 38 ) во Струмица, Општина Струмица;
  11. Предлог – Одлука за утврдување на  Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 5.1.2.2 и ГП 5.1.4 дел од ДУП за град Струмица, урбан модул 1, урбан блок 4 , Општина Струмица;
  12. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП бр. 17/1-30 и ГП бр.17/1-31 КO Струмица, од ДУП за Блок бр.17 и 17/1, Општина Струмица;
  13. Годишен Извештај за работа на Локален совет за превенција на Општина Струмица за 2024 година;
  14. Одлука за одредување на продажна цена на природен гас за 2025 година на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
  15. Ценовник за приклучување на корисници на дистрибутивната гасоводна мрежа за 2025 година на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица.

 

                                                                           Совет на општина Струмица
          Претсeдател,
           Марjан Даскаловски