Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на четириесет и третата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам четириесет и третата седница на Советот на општина Струмица за ден 15.11.2024 година (петок).
Четириесет и третата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Усвојување на записниците од 40-та, 41-та и 42-та седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н р е д
- Предлог – Одлука за донесување и усвојување на Стратегија за дигитален развој на Општина Струмица за периодот 2024 – 2030;
- Предлог- План на програмите за развој за 2025 година;
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2024 година;
- Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2024 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
- Предлог-Програма за измена на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2024 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2024 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2024 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2024 година;
- Предлог- Програма за измена на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за заштита од штетно дејство на водите во 2024 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2024 година;
- Предлог – Одлука за определување на приоритетен проект финансиран преку Европсска Инвестициона Банка во рамки на проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија;
- Предлог – Одлука за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Струмица за реализација на проект финансиран преку Eвропска инвестиционна банка во рамки на проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија;
- Предлог – за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за грант;
- Предлог – Одлука за давање на трајно користење на полуподземни контејнери на ЈПКД „Комуналец“- Струмица;
- Предлог -Одлука за давање на трајно користење на објект – Општинско фудбалско игралиште со вештачка трева;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Кире Брдаров од Струмица;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Евгенија Иљачева од с.Рич;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Наде Манушева од Струмица;
- Предлог – Програма за одржување на улиците во град Струмица и населените места, како и локалните патишта во Општина Струмица за 2024/2025 година во зимски услови;
- Предлог – Програма за дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2024 година;
- Предлог- Програма за измена на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Мaкeдонија на подрачјето на општина Струмица за 2024/2025 година;
- Предлог – Решение за разрешување и именување на вршител на должност член на Управниот одбор на ЈПЗБК „Стационар – ЛАНА“ Струмица;
- Предлог – Решение за разрешување и именување на вршител на должност член на Надзорниот одбор за материјално – финансиско работење на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица;
- Предлог – Решение за разрешување и именување на вршители на должност членови на Управниот одбор на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица;
- Предлог – Решение за разрешување на членови и именување на вршители на должност членови на Надзорниот одбор за материјално – финансиско работење на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
- Предлог – Решение за разрешување и именување на вршител на должност член на Управниот одбор на ЈПКД ,,Комуналец“ Струмица;
- Предлог – Решение за разрешување и именување претставник на Општина Струмица во Училишниот одбор на СОУ „Јане Сандански“ Струмица;
- Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица за периодот од I до IX месец 2024 година;
- Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈСП „Струмица-Транспорт“ Струмица за 2024 година;
- Одлука за висина на цена за превоз на ЈСП „Струмица-Транспорт“ Струмица за 2025 година;
- Извештај за работата на ЈПЗБК „Стационар – ЛАНА“ Струмица за периодот од 01.01.2024 до 30.09.2024 година;
- Извештај за работа на ЈОУДГ „Детска радост“ – Струмица за воспитната 2023/2024 година;
- Програма за работа на ЈОУДГ „Детска радост“ – Струмица за воспитната 2024/2025 година;
- Анекс на Годишната програма за работа на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица за учебната 2024/2025 година;
- Програма за работа на Општинската јавна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица за 2025 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГПбр.9 и ГП бр.10, согласно ДУП на град Струмица, Блок бр.33-2, Општина Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП49.5.I-1, и ГП49.5.I-2, од ДУП за Блок 3 и 5, општина Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП56.5.I, и ГП57.5.I, од ДУП за Блок 3 и 5, општина Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на ГП21.14 кон ГП21.13 и ГП21.15, дел од УБ21, во Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 38-51 од ДУП за Блок 38, Општина Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на КП 1079/1 и дел од КП 1078 КО Струмица од Измена и дополнување на дел од ДУП на град Струмица Блок број 19, Општина Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.59 во КО Три Води;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.129 КО Добрејци;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр.7930 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на КП бр.6398/1 во КО Струмица;