Решение за свикување на шестата седница  на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на шестата седница  на Советот на општина Струмица
   Совет на општина Струмица
    Бр.08 – 395/1
    22.01.2026 год.
    С т р у м и ц а

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр.2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на шестата седница  на
Советот на општина Струмица
 
               Ја свикувам шестата седница на Советот на општина Струмица за ден 29.01.2026 година (четврток).
               Шестата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.
             За работата на седницата предлагам:
Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за јавна безбедност, безбедност на сообраќајот и противпожарна заштита;
  2. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Анита Стојанова од Струмица;
  3. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Усеин Јусеинов од Струмица;
  4. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Вања Андонова од Струмица;
  5. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Надица Василева Спасова од Струмица;
  6. Предлог – Одлука за давање на времено користење на тениски игралишта во склоп на Дом на АРМ Струмица на тениски клуб „Нет“ Струмица;
  7. Предлог – Одлука за давање на времено користење на фудбалско игралиште во населено место Куклиш на фудбалски клуб „Интер Кукла“;
  8. Предлог –  Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти;
  9. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Струмица за 2026 година;
  10. Предлог – План  за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во општина Струмица во учебната 2026/2027 година;
  11. Предлог – Правилник за утврдување на критериумите за распределба на финансиски средства до спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот од Општина Струмица;
  12. Предлог – Правилник за условите, критериумите и постапката за доделување финансиска поддршка за стекнување и унапредување на тренерски лиценци или спортски работници во Општина Струмица;
  13. Предлог – Решение за  разрешување и именување на претседател и членови на Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи;
  14. Предлог – Решение за разрешување член и именување вршител на должност член на Надзорниот одбор за материјално – финансиско работење на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
  15. Предлог  –  Решение за разрешување и именување  на член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица;
  16. Предлог  –  Решение за разрешување и именување  на член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица;
  17. Одлука за задолжување на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
  18. Предлог  –  Одлука за издавање на гаранција за задолжување на ЈПЕД ,,Струмица – Гас“ Струмица;
  19. Ценовник за приклучување на корисници на дистрибутивната гасоводна мрежа за 2026 година на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;

 

                                                                       Совет на општина Струмица
           Претсeдател,
           Никола Маџунков