Решение за свикување триесет и седмата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08 – 4188 /1, 22.07.2020 год.

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување триесет и седмата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам триесет и седмата седница на Советот на општина Струмица за ден 29.07.2020 година (среда).
Триесет и седмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата предлагам :

I
Усвојување на записникот од 36 седница на Советот на општина Струмица

II
Д н е в е н р е д

1. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на ДУП за дел од блок 36, УЕ 5 во град Струмица (Општина Струмица – плански период 2019-2029);
2. Предлог – Одлука за утврдување на приоритетен проект за изработка на проектна документација за изработка на атмосферски канализационен систем за населено место Добрејци;
3. Годишен план за вработување за 2021 година на ООУ „Видое Подгорец“ Струмица;
4. Годишен план за вработување за 2021 година на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица;
5. Годишен план за вработување за 2021 година на ООУ „Маршал Тито“ Струмица;
6. Годишен план за вработување за 2021 година на ООУ „Сандо Масев“ Струмица;
7. Годишен план за вработување за 2021 година на ООУ „Даме Груев“ Куклиш ;
8. Годишен план за вработување за 2021 година на ООУ „Маршал Тито“ Муртино;
9. Годишен план за вработување за 2021 година на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Дабиле;
10. Годишен план за вработување за 2021 година на ООУ „Герас Цунев“ Просениково;
11. Годишен план за вработување за 2021 година на ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса;
12. Годишен план за вработување за 2021 година на ООМУ „Боро Џони“ Струмица;
13. Годишен план за вработување за 2021 година на СОУ „Јане Сандански” Струмица;
14. Годишен план за вработување за 2021 година на СОУУД „Димитар Влахов” Струмица;
15. Годишен план за вработување за 2021 година во Ученички дом при СОУУД „Димитар Влахов” Струмица;
16. Годишен план за вработување за 2021 година на СОУ „Никола Карев“ Струмица;
17. Извештај за работата на ЈПЕД „Струмица гас“ Струмица“ за периодот 1-3 месец 2020 година;
18. Полугодишен извештај за работата на ЈПЕД „Струмица гас“ Струмица“ за периодот 1-6 месец 2020 година;
19. Годишен Извештај за работата на Центарот за развој на југоисточниот плански регион за 2019 година;
20. Извештај за работата на ЈПКД Комуналец за 2019 година;
21. Годишната сметка со финансиски извештај за 2019 година на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
22. Извештај за работата на ЈПКД „Комуналец“ Струмица“ за периодот 1-3 месец 2020 година;
23. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.2557/2, КП бр.2573 и КП бр.2558 КО Банско;
24. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.6599 КО Вељуса; и
25. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2218 КО Добрејци.

Претседател,
Марјан Даскаловски