Совет на општина Струмица, Бр.08 – 3888/1, 25.06.2021 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување на четириесет и осмата седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам четириесет и осмата седница на Советот на општина Струмица за ден 02.07.2021 година (петок)
Четириесет и осмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Извeрштај за оцена на пеформансите на јавните расходи и финасиската одговорност (PUBLIC EXPENDITURE AND FINANCIAL ACCOUNTABILITY – PEFA)
II
Дневен ред
1. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од блок 7, УЕ 6 во Струмица;
2. Предлог- Програма за дополнување на Програмата за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица за 2021 година;
3. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2021 година;
4. Предлог-Решение за разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на СОУ “Јане Сандански” Струмица;
5. Предлог- Решение за разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на СОУУД “Димитар Влахов” Струмица;
6. Предлог- Решение за разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на СОУ “Никола Карев” Струмица;
7. Предлог – Решение за разрешување и именување претставници на Општина Струмица, во Управниот одбор во ЈОУДГ “Детска радост”- Струмица;
8. Одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Сандо Масев“ Струмица;
9. Одлука на ЈПКД „Комуналец“ за утврдување паушал за одведување на отпадни води во Банско и Вељуса;
10. Годишен план за вработување за 2022 година на ООУ „Видое Подгорец“ Струмица;
11. Годишен план за вработување за 2022 година на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица;
12. Годишен план за вработување за 2022 година на ООУ „Маршал Тито“ Струмица;
13. Годишен план за вработување за 2022 година на ООУ „Сандо Масев“ Струмица;
14. Годишен план за вработување за 2022 година на ООУ „Даме Груев“ Куклиш ;
15. Годишен план за вработување за 2022 година на ООУ „Маршал Тито“ Муртино;
16. Годишен план за вработување за 2022 година на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Дабиле;
17. Годишен план за вработување за 2022 година на ООУ „Герас Цунев“ Просениково;
18. Годишен план за вработување за 2022 година на ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса; и
19. Годишен план за вработување за 2022 година на ООМУ „Боро Џони“ Струмица.
Претседател,
Марјан Даскаловски