Се асфалтираат четири улици во населеното место Банско

Home / Вести / Се асфалтираат четири улици во населеното место Банско

Согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за оваа година, започна асфалтирањето на четири улици во населеното место Банско. Градоначалникот Коста Јаневски при увидот во градежните работи го сподели  своето задоволството со граѓаните, потенцирајќи дека станува збор за договорени активности на непосредните средби со граѓаните и планирани во буџетот за оваа година.

 

Јас знам дека нашите сограѓани од ова населено место имаат уште еден голем проблем, а тоа е квалитетот на водата за пиење и канализациониот систем. Тоа се навистина опсежни и скапи проекти кои тие неколку пати ми ги спомнаа и можам да ги уверам дека сработивме комплетна техничка документација за канализациониот систем со одобрение за градење, значи, се што е подготвителна работа од страна на Општината го завршивме. Проектот за филтер станицата за подобрување на квалитетот на водата, кој исто така е скап проект, го завршивме и цела наша енергија ќе ја впрегнеме во обезбедување средства за да ја затвориме комплетно финансиската конструкција за овие два важни капитални проекти и се надевам дека во текот на наредната година ќе започнеме со активности во тој правец и тоа ќе биде едно големо задоволство за мене и затоа можам да ветам дека тука ќе потрошиме се што може од енергија и врски за да можеме да го решиме овој проблем. Сега засега ги работиме оние проекти кои што се договорени и кои што граѓаните ги кажаа како нивни потреби во овој момент, рече градоначалникот Јаневски.