Градоначалникот Костадин Костадинов со соработниците и членови на Советот, извршија увид на улицата „Атанас Јанев“ кај новата градинка, каде што започна асфалтирањето на оваа комплетно нова изведена улица која со паркинг просторот опфаќа површина од 1.500 метри квадратни.
Во овој проект беше опфатена комплетна изградба на улицата, односно поставување на дренажа, тампонирање и асфалтирање на коловозните ленти со два слоја асфалт, како и уредување на тротоарите со бехатон плочки. Покрај двете коловозни сообраќајни ленти со ширина од по 3,5 метри, во делот пред главниот влез во градинката се изгради и посебна сообраќајна лента за запирање на возила заради оставање и земање на децата од истата. Реализацијата на овој проект е во вредност од 4.400.000 денари и целосно е финансирана од буџетот на општина Струмица. Со изградбата на оваа улица, ќе се овозможи безбеден и современ пристап до самата градинка, како и поврзување и олеснување на сообраќајот по улиците од горниот дел на градот.