Општина Струмица гради Еко парк на локација меѓу улиците „Ката Поцкова“ и „Боро Поцков“ во близина на ООУ „Никола Вапцаров“ на површина 2.500 метри квадратни.
При денешниот увид во градежните работи, градоначалникот Коста Јаневски рече дека од нив, околу 2.100 метри квадратни ќе биде зелена површина на којашто ќе бидат засадени листопадни и зимзелени растенија, а останатиот дел патеки. Во него ќе има и комплетна урбана опрема и подземна инсталација за наводнување со системи за распрскување. Паркот е дел од Програмата за животна средина за зголемување на јавните зелени површини во градот, кои секогаш биле приоритет за општина Струмица.