Денес во спортската сала на ООУ „Никола Вапцаров“, во организација на Cross Cultures Project Association (CCPA) – Скопје, се одржаа овогодинешните, дваесет и втори по ред, традиционални „Отворени забавни фудбалски школи“ во Струмица.
На овој настан за првпат учество зедоа повеќе од 40 деца – ученици од ООУ „Никола Вапцаров“, без разлика на полот, возраста и нивното претходно фудбалско знаење. Целта на овој проект е децата да се дружат низ разни забавни игри поврзани со фудбалот. И оваа година во „Отворени забавни фудбалски школи“ учествуваа и девојките од Женскиот фудбалски клуб „Тиверија“ кои ја имаа улогата на тренери. До крајот на годината ќе се одржи уште еден настан во рамките на овој проект, а активностите ќе продолжат и напролет. Проектот и годинава, по петнаесетти пат, беше финансиран од Буџетот на Општина Струмица.