Се одржа првата официјална седница на Локаниот совет за женско претприемништво

Се одржа првата официјална седница на Локаниот совет за женско претприемништво

Денеска се одржа првата официјална седница на Локалниот совет за женско претприемништво. Членовите на Советот беа избрани преку Јавен повик што го распиша Општината, а се формираше во месец март годинава.На седницата присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов и ја потврди неговата поддршка во функционирањето на Локалниот совет и севкупно на женското претприемништво, неговото унапредување и придонес во економскиот развој на Струмица.

Целта на Локалниот совет за женско претприемништво е поттикнување на претприемачкиот дух преку промоција на добри практики, креирање програми и  можности за финансиска, советодавна и менторска поддршка и промоција на пазарот.